
Според мексиканските научници, времетраењето на љубовта е само 4 години!
Научниците од националниот автономен универзитет во Мексико тврдат дека љубовта не е ништо повеќе од привремена состојба на организмот и нејзиниот хемиски живот не може да трае повеќе од 4 години.
Во првата фаза на вљубување во нашиот мозок се произведуваат хемиски соединенија, кои се шират во сите негови неврони. Тоа е и период кога емоциите беснеат и ништо не е во состојба да ги скроти. Но не за долго! Овој период трае само една година!
Во втората година од врската, фазата се менува и се претвора во градење на стабилност, доверба и приврзаност. И така цели 2 години! Си верувате, се сакате, имате секс каде што ќе ви текне, се слушате по 7 пати на ден…
По завршувањето на четвртата година, сепак, нашиот ум е повторно бистар, емоциите се стивнати и некогашните пеперутки во стомакот, сега се само навика. Е, тогаш изборот е ваш – останувате со навика или пак излегувате во лов на нови пеперутки!