Една од најпознатите старлети во регионот Станија, открила дека веќе го заборавила Филип Панајотовиќ и дека е повторно вљубена. Новиот дечко не сакала да го претстави во јавноста, но издвоила неколку карактеристики кои би сакала нејзиниот нов избраник да ги поседува.
“Сакам вистински маж, со карактер, стабилен, реализиран, кој во текот на оваа година ќе биде во состојба постојано да ги исполнува сите мои желби и желбички. Сакам да си имам свој личен Дедо Мраз. Точка! “, нескромно раскажува Станија, иако идентитетот на нејзиниот Дедо Мраз засега не сака да го открие.