Белите дупки во вселената се сосема спротивни на црните дупки, објекти кои постојано од себе исфрлаат материја. Научниците до сега сметале дека веројатно постојат белите дупки, но тоа сепак се базирало на многу претпоставки.
Ако црните дупки постојат, можно е да се најде раенка и да се добие нешто што е спротивно на нив, но во секој друг поглед идентични на нив, што по научната дефиниција тоа е бела дупка.
За разлика од црните дупки, белите се екстремно нестабилни, и по мислењето на научниците нивното постоење е кратко, бидејќи под тежина на сопствената гравитација брзо згаснуваат.
Сноп од гама зраци кој е забележан во 2006 година, долго време претставувал мистерија, бидејќи научниците неможеле да откријат од каде доаѓа. Должината на неговото траење (102 секунди) би можело да биде објаснета со супернова експлозија, но таа не била забележана.
Пет години подоцна, научниците сметаат дека тој настан е всушност местото на белата дупка.