Голем фан на Сека Алексиќ љубовта кон нејзините песни ја искажа на многу чуден начин. Тетовирајќи го со големи букви нејзиното име на својата рака.
Пеачката фотографијата која ја доби од Енис од Скопје ја објави на социјалните мрежи пишувајќи „Мојот фан Енис од Скопје” се пофали Сека. Инаку од фотографијата се гледа дека Енис сака тетоважи и поред името на Сека неговото тело е прекриено со тетоважи на арапски и кинески.