Што се случува со Шумахер?

4 јануари, 20140
mihael-sumaher-1348492963-211850 (1)

ГРЕНОБЛ- Шумахер не е повеќе во животна опасност изјави неговиот пријател Филип Штреф повикувајќи се на неофицијалните изјави на докторите.
„Ја не сум доктор, ама го пренесувам она што ми го кажа Жерар Далан,хирург и домашен пријател на семејството Шумахер. Ни кажа дека ситуацијата сеуште е сериозна но дека животот не му е во опасност” рече Штеф. За сега се уште нема официјална потврда за овие наоди.
Фамилијата на возачот беше на разговор со лекарите од Универзитетската болница во Гренобл во тек на вчерашниот ден ,но се уште нема никаква изјава од таа средба. Во меѓувреме истражувачите пробуваат да ја откријат причината поради тешките повреди на Шумахер. Од неофицијални извори прегледана е камерата која била прицврстена на неговата кацига , а воден е и разговор со неговиот син Мика.

Michael-Schumacher

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *