Во модната сезнона пролет/лето 2011., секоја девојка едноставно неможе да си го замисли својот аутфит без појас околу струкот. Тоа може да биде ремен или лента со панделка, со што совршено ќе истакнете половината. Со овие модни детали може да ја украсите половината и да ја направите многу интересна и женствена. Вашиот омилен фустан од минатата сезона, дополнете го со ваков појас и ќе добиете сосема нов изглед. Меѓутоа не се само фустаните идеални за украсување, појасот совршено се вклопува со панталони, фармерки, шорцеви и комбинизони.
Интересните траки кои можете да ги врзувате околу струкот може да бидат мали и елегантни или широки и откачени. Постои широк спектар на материјали што може да ги искористите, од свила до кожа, се е модерно.
Во зависност од типот на појасот можете да направите различни машни, поедноставни и покомплицирани, дозволете и вашата имагинација. Појасот може да биде главен детал кој ќе ја носи целата комбинација или само дискретен детал кој совршено го надополнува вашиот изглед.
Уште нешто…немојте да се ограничувате само на половината. Машните врзете ги и на кондурите, чантите, часовниците, па дури и на накитот. Оваа сезона едноставно се модерни и неодоливи. Се е до вашата фанатзија.