
Раперот Џеј Зи ја исполнал животната желба на еден од своите големи фанови, Џастин Килер кој има само 12 години. Џеј Зи го повикал да му се придружи на сцена, а кога момчето почнало да рапува, публиката била воодушевена, а најдобриот американски рапер останал без зборови.
Џастин на многу оргинален начин успеал да го привлече вниманието на Џеј Зи. Бил сместен во првите редови, а во рацете држел табела со натпис: Може ли да рапувам со тебе?
Џеј Зи кога го прочитал натписот го повикал на сцена, а момчето се претставило фантастично. Погледнете:
httpv://www.youtube.com/watch?v=rvCwSJuyy7M