Касиљас: И Реал ќе го прегазеше Јунајтед

popara1 јуни, 20111min00
casillas_9878616

Капитенот на Реал Мадрид, Икер Касиљас малку го потцени Манчестер Јунајтед, изјавувајќи дека и неговиот тим лесно би излегол на крај во нив во финалето од Лигата на Шампионите. Реал испадна во полуфиналето, па така шансите за докажување на тврдењата на Касиљас ќе можат да се остварат следната сезона. “Мислам дека полуфиналето меѓу Реал и Барселона беше финале во Лигата на Шампионите. Се сретнаа двата најдобри тим во Европа. Двата тима се од Шпанија, што е одлична вест за шпанскиот фудбал” изјави Касиљас и додаде. “Прикажана беше супериорност на Барселона во однос на Манчетсер Јунајтед. Верувам 100% дека и Реал би го прегазил Јунајтед во финалето!” уверен во својте изјави одличниот чувар на мрежата на Шпанија.

Извор: Нетпрес

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma