Со просечен коефициент на интелигенција 91, македонците се наоѓаат на 16-то место на ранг листата на која учествуваат вкупно 43 земји, покажало десетгодишното истражување на британскиот психолог Ричард Лин, финскиот политиколог Тат Вананена и холандскиот психолог Јелте Вичертс.
Според податоците, вака изгледа состојбата во регионот. Од балканските држави најдобро се покажала Словенија која се наоѓа на 11 место со коефициент 96. Македонија е на 16 место со 91, додека Албанија, БиХ и Хрватска го делат 17-то место со коефициент 90. Србите се наоѓаат на 18 место со коефициент 89.
Сингапур со индекс 108 е на чело на листата, потоа следува Кореја со 106 и Јапонија со 105.
На дното се наоѓа Гвинеја со коефициент 46.