Противпожарната служба го изгасна пожарот што во утро избувна во визбата на режисерот Милчо Манчевски. Штетите предизвикани од него, допрва ќе се утврдуваат.
Првичните претпоставки се дека пожарот бил предизвикан од неисправен електричен кабел.
Полицијата изврши увид на местото на настанот.