Македонскиот дел(н) од пеколот, на ,,економски,, начин!

popara13 јануари, 201448min00
5

Почитувани наши читатели

 

Јас навистина од се срце Ви се извинувам за видот на оваа статија или обраќање (како сакате),

но верувајте не можам да издржам а да не го направам истото.

За што се работи: Во Петокот вечерта, кај Миленко во емисија се 

изнаслушав толку многу ,,економски,, глупости, што искрено ми е

жал, што се мора Мајка Македонија, да истрпи а да не експлодира.

Гости во емисија: Зиков (умислен Економист со штур ама премногу оскуден економски капацитет), Пандов (економски неписмен подлизурко) и Кире Наумов (актуелен претседател на Економскиот Совет на СДСМ- ееее  замислете).

Ако земам да ги коментирам- Ви отиде денот и Вас и мене.

За да не Ве мачам и Вас а богами и себе, ќе Ве замолам само да му ја форвардирате на господинот ,,економски,, Наумов, дефиницијата за девизни резерви, симната од Википедија. Брука невидена!!! Алоооо.. абе нема појма што се девизни резерви а ќе ни ја оправа економски државата… Да умрам- да не слушам и гледам вакви празноглавија!

И да заклучам: Браќа мои ,,економски,, експерти! И кај Таки Фити да се појавевте на испит со сите можни ,,вези и подвезици,, шанса немаше да добиете ништо друго освен една најголема НУЛА! Срам да Ви е на годините што ги имате, а штета голема што во вечерните саати, немаа можност и деца помали од 14 години да ја гледаат оваа комедија и да се смеат на Вашите небулози и изнакажани и со жолто подвлечени глупости!

п.с Миленко,

Доколку ти се случи уште една ваква глупост и да дрзнеш да ми одземеш 2 часа и кусур од моето драгоцено време, ќе те тужам во Хаг:)! Те молам вакви неписмени аналфабети, никогаш повеќе да не повикаш за гости во твојата (сеуште) интересна емисија.

Со почит,

Јас

Девизни резерви

Од Википедија, слободната енциклопедија

Девизни резерви (англискиForeign exchange reserves, Official reserves) ја сочинуваат странската актива која се наоѓа под контрола на монетарната власт и се наоѓа на располагање за финансирање на нерамнотежата во платниот биланс, како и за интервенција за девизниот пазар (влијание на девизниот курс) и за останати потреби.

Девизните резерви на државата во поширока смисла се состојат од девизни резерви на централната банка и девизните резерви на банките. Тие, меѓу останатото, служат за обезбедување на меѓународна ликвидност на земјата, остварување на задачите на монетарната политика и за полесен пристап на меѓународниот пазар на капитал.

Девизни резерви на централната банка[уреди]

Девизните резерви на централната банка можат да сочинуваат:

·         побарувања на Народната банка на државата на странски сметки,

·         ефективни странски пари

·         хартии од вредност

·         социјални права на влечење и резервна позиција кај Меѓународниот монетарен фонд

·         злато и други благородни метали.

Со девизните резерви управува одборот на Централна банка.

ди енд!

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma