
Помина веќе половина ден, а вие сеуште немате ни една нотификација на својот Фејсбук профил? Ни еден, единствен лајк на својот последен статус? Не грижете се, сеуште вашите пријатели ве сакаат, но не и Фејсбук.
Експертите ова го објаснуваат кратко и јасно: Вашите пријатели воопшто и немале шанса да го погледнат вашиот пост!
За што станува збор? Ова се случува поради менување на целиот алгоритам на Фејс. Затоа, се потешко е да се видат постовите на другите, а исто така и вашите постови не стигнуваат до сите ваши пријатели или следбеници на Фејсбук. Експертите велат дека главната причина за овие промени е новата монетарна политика на Марк Цукенберг, кој со ова сака да ве натера да му платите ако сакате да го промовирате вашиот пост.