Пилот доживеал инфаркт: Драма во воздухот!

popara16 јануари, 201417min00
5

Патниците на летот од Дес Моинс во Денвер преживеале драматични мигови во воздух. Во вонредна ситуација, како на филм, две медицински сестри тргнале во акција да го спасуваат пилотот, кога стјуардесата на разглас прашала дали има доктор во авионот. Капетанот доживеал срцев удар само половина час после полетување и се поставило прашањето кој ќе го управува авионот?

Стјуардесата најпрво прашала “дали има доктор во авионот“, а неколку минути подоцна и “дали некој знае да управува авион? Пилотот доживеа инфаркт!“.

За да го преживее патот несреќниот  пилот помогнале две медицински сестри кои за среќа се нашле помеѓу патниците.  

Копилотот слетал без поголеми проблеми, а пилотот веднаш бил префрлен во болница. Патниците биле сместени во хотел и следниот ден го продолжиле својот пат кон Денвер.

Printskrin: KTLA 3