
Додека некои мажи мака мачат за да ја продолжат ерекцијата, овој човек од Даблин доживеал нешто сосема поинакво. Поради повреда што ја доживеал со велосипед имал ерекција, верувале или не, седум недели.
Кога конечно отишол во болница, лекарите констатирале дека се работи за приапизам, состојба која предизвикува неправилна циркулација на крв во организмот кон половиот орган.
Кај човекот не се забележани други повреди, освен што неговиот полов орган бил постојано во ерекција. После неколку третмани, конечно му се спуштил.
На прашањето дали можел да има сексуални односи докторот кој го лечел изјавил дека мажот можел да има секс, но веројатно тоа би било мошне болно искуство.