Ореви за плодност, потенција и имунитет

popara16 јануари, 201417min00
14

Ако секојдневно јадете по неколку ореви тоа не може да ја загрози вашата витка линија, но значително ќе го намали нивото на холестерол и штити од кардиоваскуларни болести. Фолната киселина го спречува таложењето на масти.

Оревот содржи протеини, јаглехидрати, незаситени масни киселини и богат е со минерали, пред се со селен, бакар, цинк, магнезиум, калиум, фосфор, калциум, железо, манган, хлор, витамини А, Ц, Е и Б.

Фолната киселина го спречува таложењето на масти во организмот, додека есенцијалните масни киселини ги прават еластични крвните садови. Минералот селен е моќен антиоксиданс, го зајакнува имунитетот и допринесува за подобро расположение.

Оревот содржи и мелатонин, супстанција која го опушта организмот. Старите цивилизации го сметале оревот за силен афродизијак, а и денес се препорачува како лек за плодност и потенција.