
Зошто свекрвата секогаш не гледа намќоресто? На времето, снаата освен готвење, чистење и чување деца, на својата свекрва и се обраќала со Вие, и и ги миела нозете. Но времињата се смениле.
Се смениле времињата и тоа многу, но сепак предрасудите за свекрвата и снаата сеуште се живи. Некогаш се оправдани, но во повеќето случаи не. Жените се слободни да се однесуваат како што сакаат, па дури и во однос на свекрвата.
Ова се некои работи кои не би смееле никако и никогаш да и ги доверите на свекрвата, без разлика дали сте во добри или лоши односи:
Твојот син е одличен во кревет! Никогаш не зборувајте за секс со неа. Таа тоа воопшто не сака да го знае!
Не сакам да седам дома и да чувам деца, додека твојот син брка кариера! Во нејзино време местото на жената било дома со децата и домаќинството, за кариера не станувало збор се додека децата не пораснат. И секако, ако се одлучите да бидете мајка со кариера, бидете подготвени на критики. Доколку сакате идиличен однос со дотичната, во секоја прилика уживајте во нејзиното мислење!
Готвиш добро, ама премногу мрсно! Ни во лудило да не ви падне на памет да ги критикувате нејзините специјалитети. Напротив, дури и да не ви се допаѓа, треба да изедете дупла порција и да и побарате рецепт.
Барам куќна помошничка, немам јас време за такви глупости! Таа на времето го правела сето тоа и го одгледувала вашиот сопруг, неговата сестра и неговите двајца браќа. И како очекувате да ве разбере и да не ве критикува?