Познатиот рапер Кание Вест веќе неколку месеци по ред се обидува да ја убеди уредничката на американскиот Вог да ја стави неговата сопруга Ким Кардашијан на насловната страна на Вог.
Меѓутоа и покрај неговата упорност Ана не сака ни да слушне, бидејќи таа според изворите не ја поднесува старлетата. Винтур во неколку прилики изјавила дека Ким е најлошото нешто што и се случило на модата од појавувањето на чорапи и сандали. Тие две се во јавна војна од минатата година кога Ана Винтур забрани Ким да присуствува на балот Met Gala во Њујорк.
За разлика од својата сакана, Кание беше поканет на настанот. Винтур мисли дека тој за разлика од неговата избраничка е прекрасен.