
“Што би рекле кога би ви кажал дека во Ријека постои сосема автентична масонска ложа, зачувана како во времето кога била изградена, во далечната 1911 година и за која никој не знае и поради сплет на околности останала недостапна за јавноста?“ – вели анонимен граѓанин кој веста ја соопштил на новинарите.
Ложата за која мистериозниот човек од другата страна на жицата раскажува се наоѓа во куќата Сириус. Проектант на зградата бил архитектот Џовани Рубиниќ, масон од Ријека. Името на куќата Сириус е поврзано со слободните ѕидари. Се вели дека во утробата на оваа стамбена зграда имало сензационална масонска ложа.
“Ложата сеуште постои. Иста е како што ја оставиле слободните ѕидари во далечната 1911 година“, изјавил анонимниот граѓанин од Ријека.
Во тајната ложа се останало исто: ѕидовите, вратите, распоредот на простории и ѕидните украси. Го нама само оргиналниот мебел.
Што се знае за масоните кои овде се среќавале? Од литературата е познато дека ријечката ложа Сириус е основана во 1901 година во куќата Вајтхед каде во почетокот бил храмот. Ложата ја основале десет Евреи, тројца протестанти и тројца католици.
Еден од важните основачи бил ријечкиот лекар и социјалист Самјуел Мајландер, а за прв старешина бил избран банкарскиот чиновник Артуро Штенечкер чија импресивна вила во Белведер каде денес се наоѓа Младинскиот центар, ја проектирал исто така Рубиниќ.