Mенаџерот на Арсенал, Арсен Венгер тврди дека клубот може да загуби еден од својте најдобри играчи, Самир Насри. Преговорите достигнаа “мртва точка” бидејќи Насри бара повеќе пари од тоа што клубот му го нуди во моментов. Медиумите сметаат дека на насри му се нуди нов петгодишен договор од 90 илјади фунти неделно, со што францускиот играч од средниот ред би заработувал 4,6 милиони фунти годишно. Сепак Насри сака да биде во рангот со Цеск Фабрегас кој неделно заработува 110 илјади фунти. Арсенал би можел да го задржи во својте редови до истекот на договорот, но така следната сезона би заминал како слободен играч. “Не постигнавме финансиски договор со Насри. Сеуште сме во преговори но немаме постигнато договор. Единствено сме сигурни дека нема да го продадеме во Јунајтед” изјави Венгер.
Извор: Нетпрес