Жаре Бербер е револтиран од гестот на Антонија Шола која пред две години кога гостуваше кај него во емисија му ја подари песната “Што ти дадов“, а која неодамна ја објави Здравко Чолиќ на новиот албум и стана вистински регионален хит.
Хрватската пејачка е автор на најновиот хит на Чола, “Што ти дадов“, но се појави видео снимка на која јасно се гледа дека оваа песна, две години порано, Антонија Шола му ја продала на Жаре Бербер.
Пред две години во својата емисијата “Кој те шиша“, Жаре Бербер ја угостил хрватската пејачка, која за време на гостувањето му го подарила актуелниот хит на Жаре Бербер.
Снимката од емисијата како и песната која ја пеат Жаре и Шола заедно, можете да ја видите во видеото што следува. Како ќе реагира Чола кога ќе види дека купил веќе подарена песна, ќе дознаеме наскоро.