Хари (Џеф Даниелс) и Лојд (Џим Кери) од „Dumb and Dumber” се враќаат повторно! Продолжението е насловено „Dumb and Dumber To”
Режисерите на филмот, браќата Фарели ја споделија фотографијата на Твитер, заедно со точниот датум на премиера, 14-ти ноември годинава.
Во „Dumb and Dumber To” дуото ќе тргне на патување, по потрага по детето на Хари, што не знаел дека го има.