Овој продукт изобилува со калциум и полезни бактерии, кои прават совршен баланс и хармонија во телото.
Киселото млеко ги зајакнува коските, а истовремено помага да се намалат симптомите предизвикани од стрес и депресија . Овој млечен производ треба да биде дел од вашата секојдневна исхрана, бидејќи го зајакнува имунитетот и го одржува здравјето на срцето.
Го намалува крвниот притисок
Редовната конзумација на кисело млеко го намалува високиот крвен притисок. Само 170 мл кисело млеко на ден го намалува притисокот за 31%.
Фитнес сојузник
Киселото млеко е одличен извор на протеини. Поради тоа се препорачува да се јаде после тренинг. Протеините обезбедуваат раст на мускулите и го стабилизираат нивото на инсулин во крвта.
За здрава и сјајна насмевка
Киселото млеко ја спречува појавата на кариес и ја отстранува непријатната миризба од усната шуплина.
Против настинка
Конзумацијата на 300 мл кисело млеко дневно го намалува ризикот од појава на грип за 35%.