Џастин Бибер е уапсен поради брза вожња под дејство на алкохол во Мајами Бич. Бибер управувал со изнајмено Ламборџини, но други детали за апсењето не се познати.
Апсењето е дел од проблемите со законот со кои се соочува оваа млада ѕвезда во последно време. Неодамна неговиот сосед во Лос Анџелес се жалел дека Џастин во алкохолизирана состојба фрлал со јајца во неговата куќа. Кога полицијата интервенирала во домот на Бибер, било уапсено едно лице поради поседување на наркотици.
Во јули граничната полиција помеѓу САД и Канада запленила марихуана во еден од неговите автобуси за турнеја. Бибер во тој момент не бил во автобусот.