Откако пред некој ден беше уапсен поради возење во алкохолизирана состојба во Мајами, Џастин Бибер доби затворска казна, која не траеше долго. За младата ѕвезда не беше проблем да си ја плати кауцијата од 2500 долари и спектакуларно да го напушти затворот во Мајами. Пред влезот го пречекале момците од неговото обезбедување, а Џастин се качил на кровот на неговиот црн џип и со насмевка на лицето ги поздравувал фановите кои пристигнале да му изразат подржка.