Научниците во Бразил откриле нов вид слатководен делфин, каков што не бил забележан уште од 1918 година.
Ова е петтиот вид на делфин за кој се знае дека живее во реки. Научниците велат дека овој делфин се оделил од останатите северноамерикански видови делфини пред повеќе од 2 милиони години.
Тие се само во далечно сродство со нив, а препознатливи се по долгите клунови со чија помош ловат.
Се верува дека има помалку од 1000 примероци од овој вид делфини кои живеат во Арагвајската река во Бразил според која и го добиле името.
Речните делфини се едни од најретките животни на планетата. До сега се знаеше дека постојат само 4 врсти, а три од нив веќе се на црвената листа, што значи загрозени.
httpv://www.youtube.com/watch?v=FkdCbpZcR9M