За спермата кружат многу приказни. Многу од нив на спермата и припишуваат дури и лековита и чудотворна моќ. Некои научници сметаат дека таа во иднината ќе се користи во прехраната.
Спермата е погодна за протеинска диета.
Хранливата вредност на спермата би можела да се спореди со белката од јајцето која е исто така богата со протеини и не содржи јаглехидрати. Спермата е погодна за диети со нагласок на протеини, односно диети со белковини.
Кога во продавница би ја виделе спермата спакувана во украсна хартија, можеби и би ја земале. И тоа не поради нејзините прекрасни особини. Нејзината главна прекрасна особина е способноста за оплодување. Од сперма не можете да се здебелите, но ни со неа да ги надоместите недостатоците во исхраната. Ако би сакале да ги видите нејзините прекрасни дејства, би требало да ја конзумирате во огромни количини. Можеби највеќе би се развеселиле на епинефринот кој делува како антидепресив.
Состав на спермата
Просечен ејакулат содржи приближно една кафена лажичка семенова течност, или поинаку кажано, од 200 до 500 милиони сперматозоиди. Количината зависи и од староста на мажот ( помладите мажи во просек произведуваат нешто повеќе сперма ), од времето кое поминало од последната ејакулација и од траењето на ерекцијата. И што се можеме да пронајдеме во една кафена лажичка? Ејакулатот содржи само 1% сперматозоиди. Поголемиот состав се секако протеините, иако и нив ги има приближно околу 1%. Преостанатите 99% е течност која има заштитна функција и овозможува сперматозоидите да ја постигнат својата цел. Еден ејакулат има 5-7 калории. Останати состојки се фруктоза, вода, витамин Ц, лимонска киселина, ензими, цинк, аминокиселини, магнезиум, калциум.
Бројни научни истражувања покажале дека припадници на двата пола од многу животински видови конзумираат сперма за доброто на сопственото здравје. Постојат многу примери. Женката лигња го јаде вишокот сперма. Истото се случува со мувите, пијавиците и многу други суштества