Скапоцениот камен во срцето на Алпите

5 февруари, 20150
11

Ски центарот Cervinia се наоѓа на самата граница помеѓу Швајцарија и Италија и поседува околу 130 патеки за скијање. Овој скриен драгоцен камен на Алпите ги има сите услови за скијање: за почетници, рекреативци, па се до патеки за искусни скијачи.

Cervinia е опремена со жичари, беби лифтови и гондоли, а во случај на недостаток од снег, тука се и водените топови за вештачки снег. Врвот се наоѓа на 3.489 метри надморска висина, што го става на листата на највисоки ски-центри на Алпите. На самиот врв има глечер кој овозможува скијање дури и во летниот период.

Старото село кое е всушност центарот на ова скијалиште, е симпатично со куќи и објекти изградени од камен и дрво. Главната улица е ослободена од сообраќај, па мошне е пријатна за прошетка. Дополнителен шарм додава и реката која тече низ селото.

Ски-центарот е место кое има комплетна понуда за вистински фамилијарен одмор. Овде можете да се качите на хеликоптер и да го набљудувате целото место од висина. Токму ова возење ќе ви овозможи несекојдневна глетка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Korsan taksi - betasus giriş