Полицијата во јужниот дел на Русија е во потрага по жената која го сменила полот за да избегне плаќање на данок. Истражителите сеха наместо Наталија, се во потрага во Адријан.
Русинка, за која е објавено дека се вика Наталија и има 38 години, имала околу 2.750 евра долг. Жената собрала пари за операција и станала Адријан. Сепак, промената на полот не и помогна да ја измами власта, бидејќи полицијата издала налог.
-Должникот го променил полот за да ги избегне обврските за плаќање – наведено е во соопштението на полицијата.
-Во текот на истрагата дознавме дека оваа жена повеќе не постои, но сега постои маж – соопштила полицијата која наведува дека Адријан добил пасош со нови податоци.
-Без оглед на промената на полот, долгот мора да се плати. Ако сметала дека на тој начин ќе се извлече, се излажала – соопштила полицијата.