Главни причини за непријатниот мирис кај жените!

popara3 февруари, 20141min00
Camera-Shy-Girl-Hide-Bashful-Courage-Confidnet-Fourfecta-Mitch-Ebie-MitchEbie

Бактериска вагиноза

Бактериската вагиноза звучи застрашувачки, но е всушност вообичаена работа. Всушност, ова е најчестата причина за непријатниот вагинален мирис.

Во секоја вагина се присутни бактерии, а бактериската вагиноза е всушност преголемото размножување на овие бактерии, кога ќе го надминат нормалниот број, односно состојба на нарушена вагинална флора. Повеќето жени барем еднаш во животот ќе се сретнат со овој проблем. Причинителот е непознат, а под поголем ризик се оние кои имаат незаштитени сексуални односи и премногу често ја мијат вагината. Останатите симптоми се чешање, болка и исцедок.

Некои облици на бактериската вагиноза сами ќе се повлечат, но се препорачува посета на гинеколог за да се спречат ретките, но сериозни последици. Најчестиот третман е едноставен – антибиотици.

Габични инфекции

Инфекции кои се вообичаени, но непријатни. Симптомите се слични како кај вагинозата, плус леплив, бел исцедок. Габичните инфекции не бараат антибиотици, наместо нив најверојатно ќе добиете вагиналети. Можеби и некој орален третман против габична инфекција.

Иако некои од вагиналетите можете да ги купите без рецепт, доколку ви е прва средба со габична инфекција, задолжително посетете гинеколог.

Сексуално преносливи болести

Некои сексуално преносливи болести можат да предизвикуваат неугоден мирис, а најчести се кламидијата и гонорејата. Овие болести се чести, но лесно се лечат, а доколку се игнорираат, може да доведат до сериозни компликации. За жал, често остануваат недијагностицирани, бидејќи не мора да имаат симптоми.

Најчестите симптоми се болки при мокрење и исцедок со непријатна миризба. Доколку имате некој од овие симптоми, задолжително посетете доктор.

Воспалителна болест на карлицата

Оваа болест настанува кога бактериите (најчесто сексуално преносливи) патуваат низ вагината до матката. Ова најчесто е резултат на недијагностицирани полови болести, како што е кламидијата. Обично не се дијагностицира додека не се почувствуваат хронични болки или поради неуспехот да се забремени, бидејќи често нема симптоми. Доколку се присутни, симптомите се болки во карлицата, непријатен мирис, засилен исцедок, грозница, замор, болки при сексуалниот однос и болки при мокрењето.

Често се лечи со антибиотици, иако може да остави оштетено ткиво со трајни последици како хронични болки, неплодност или вонматерична бременост.

Лоша хигиена

Погрижете се за хигиената на вашата вагина. Жените имаат маснотии и потни жлезди во вагиналната зона, кои може да предизвикаат лоша миризба. Користете благи сапуни без мирис, бидејќи сè останато може да го иритира чувствителниот дел и да предизвика уште повеќе непријатности. По користење на тоалетот, добро избришете се со движење од напред кон назад и секој ден менувајте ја долната облека.

Постојат многу производи кои ветуваат дека ќе се ослободат од лошите мириси, но подобро е да ги избегнувате. Вагиналните тушеви, спрејови, креми, марамчиња – сите нудат наводно исклучителна чистота, но всушност предизвикуваат уште повеќе проблеми. Вагиналните тушеви отстрануваат некои од корисните бактерии, а производите со мирис предизвикуваат иритации.