
Даниел настапи со песната „Wake Me Up” од „Avicii” и повторно блесна на сцената. Тој е еден од фаворитите, а доколку би се прашувале луѓето во жирито и нашите читатели тој е оној кој го има ФАКТОРОТ.
Иако настапи по специјалната гостинка и светски познатата Loreen која ја испеа „my heart is refusing me“, тој сепак беше одличен! Може беше намерно и добар тест за Даниел дали ќе може да се носи со ваква ѕвезда.
Тој беше придружуван од околу 20 танчари кои придонесоа неговиот настап да биде посилен и поенергичен, но сепак неговиот уникатен стил на пеење беше пресуден
Жељко додаде дека созрева и дека се подобро изгледа на сцената. Емина рече дека е фантастичен и дека е во најдобро светло до сега. Кристина рече дека е роден да го прави ова и дека изборот на песна е одличен.
Ова е оргиналот од песната која ја изведе Даниел
httpv://www.youtube.com/watch?v=IcrbM1l_BoI
httpv://www.youtube.com/watch?v=psF1C_JxjgU
