
Во зимскиот период, кога малку се движиме и повеќе јадеме, нашиот имунолошки систем слабее и станува помалку отпорен на надворешни фактори.
Затоа клучот е да се зајакне имунолошкиот систем за да ја издржи полесно сезоната на грипови и настинки, а за тоа најмногу помогаат природните сојузници. Потребни ви се само пет природни намирници кои ќе ве чинат многу поефтино од штетните лекарства, а резултатот е природен антибиотик кој ќе го зајакне вашиот имунолошки систем и организмот како безбедносен панцир.
Состојки:
Една главица лук
2 лажици рендан ѓумбир
½ лажица мелени суви лути пиперки
½ лажица цимет
Сок од еден лимон
Во сокот од лимон додадете го толчениот лук, ренданиот ѓумбир, лутиот пипер и циметот.
Откако добро ќе ги измешате компонентите, додадете го и медот за да добиете густа смеса.
Смесата се чува во стерилен стаклен сад, а треба да отстои најпрво три часа на собна температура, а потоа се чува во фрижидер.
Конзумирајте по една супена лажица еднаш дневно, најдобро наутро на празен стомак, за да се активира целиот огганизам и да се зајакне имунолошкиот систем. Ако веќе сте болни и настинати, конзумирајте од сирупот три пати дневно пред оброк.