
Лиз наводно поминала четири дена во Белата куќа. Таа подоцна му раскажала на својот сопруг дека немало никакви проблеми затоа што првата дама и претседателот спиеле во одвоени соби. Актерката и претседателот наводно повремено се гледале во текот на годината се додека Клинтон не ја прекинал врската, тврдејќи дека започнува да се заљубува во неа.
Американските медиуми до ова откритие, дошле на основа на видео, кое поранешниот партнер на Лиз, актерот Том Сизмор, го направил минатиот јануари. На него, 52 годишниот актер, кој и самиот бил во три годишна врска со Лиз, наведува дека тој договорил состанок меѓу Клинтон и познатата актерка. Тој вели дека при проекцијата на филмот „Спасувањето на редовите на Рајан”, во Белата куќа во 1998 година, Клинтон му пришол, и го замолил да го запознае со Лиз.
Сизмор тврди дека Клинтон веднаш ја повикал Лиз и дека по неа го испратил својот авион кој ја донел истата ноќ во Белата куќа, иако првата дама, Хилари Клинтон, се наоѓала во соседната соба. Сизмор тврди дека неколку часа подоцна ја видел својата поранешна девојка во ходниците од претседателската палата, со придружба од агент.
„Не сум за љубов, а започнувам да мислам дека би можел да се заљубам во тебе“- и рекол тој на Лиз- вели Сизмор.
