Бред Пит и Анџелина се селат во Африка!

popara5 февруари, 20141min00
1845d823-5e54-4027-a1e6-d43ae2810745

Џоли и Пит со децата ќе живеат во Јужноафриканската Република во периодот додека актерот ќе работи на новиот филм со својот колега и пријател Џорџ Клуни. Засега не е познато кога славната холивудска двојка ќе допатува во земјата.

Американската актерска двојка Анџелина Џоли и Бред Пит ќе се преселат во Јужноафриканската Република во текот на 2014 година, каде што тој ќе работи на својот нов филм, пишуваат локалните медиуми.
Двојката којашто има шест деца, изнајмила куќа во Сандхарст, предградие на Јоханесбург за 7.600 американски долари месечно, објавил локалниот весник Beeld кој се печати на локалниот африкански јазик, пренесува AFP.

Јужноафриканската Република во последно време станува сѐ попривлечна дестинација за снимање на холивудските филмови, благодарејќи на живописните пејзажи и ниската цена на продукцијата.