НАСА ќе го создаде најстуденото место во универзумот! (видео)

popara5 февруари, 20141min00
sat

Лабораторијата Cold Atom ќе треба да започне со работа од 2016 година, а кога ќе почне да функционира, ќе стане најстуденото место во светот. Таа ќе биде со големина на просечен фрижидер во кој температурата ќе изнесува 0.0000000001 степен над апсолутната нула или минус 273.15 степени Целзиусови. Тогаш материјата повеќе не е во течна, цврста или гасовита состојба, атомите се стремат да создадат квантна форма на материјата.

nasa-planira-da-go-sozdade-najstudenoto-mesto-vo-univerzumot-170440

Всушност, апсолутната нула е точката на која материјата ја губи целата топлотна енергија, а кога температурата се приближува до таа точка ќе почне да се однесува како бран.

Лабораторијата исто така е место каде научниците ќе можат да ги мешаат студените атомски гасови и да видат што притоа ќе се случи. Микрогравитацијата им овозможува на истражувачите да ги оладат материите на многу постудени температури отколку што тоа е возможно на Земјата.

Лабораторијата ќе биде лансирана на Меѓународната вселенска станица во 2016 година каде ќе може да функционира 5 години.

httpv://www.youtube.com/watch?v=J9_LmSTtpkI