
На граѓаните на Полска, Романија, Бугарија, Кипар и Хрватска се уште им треба виза за влез во Америка, а освен за САД, на некои граѓани од новите членки на ЕУ им е потребна и виза за Канада.
Новата регулатива на ЕУ, која стапи на сила на 20 декември, од земјите членки бара „заеднички да настапат” по прашањето за визите, особено во оној случај кога другите земји „на различен начин ги третираат граѓаните на ЕУ”.
ЕК предупредила дека доколку САД не го реши овој проблем во рок од шест месеци, тогаш ЕУ би можеле да воведе и визи за американските дипломати.
Визите за Канада, меѓу граѓаните на Унијата им се потребни само на граѓаните на Бугарија и Романија, додека Австралија пак има еднообразен визен режим за сите земји на ЕУ, а меѓу најретките на кои им се издаваат австралијански визи се Бугарите и Романците.