10 минути тресење од студ троши калории како 1 час вежбање

popara6 февруари, 201417min00
Beautiful Winter Woman Blowing Snow outdoor

Тресењето од студ можеби е непријатно, но пак е лесен начин за слабеење за луѓето кои не сакаат или не можат да се откажат од вкусната храна.

Во телото постојат два типа маснотии – белите служат за енергија, а жолтите клетки се трошат за да го загреат телото. Околу 50 гр жолти масни клетки можат да се согорат во текот на еден ден.

Научниците откриле дека студот го стимулира лачењето на хормонот ирисин кој се ослободува од мускулите и жолтите масни клетки при тресење од студ. После 10 до 15 минути тресење од студ нивото на овој хормон се зголемува, масните клетки се топат со цел да ја стабилизираат телесната температура и сето тоа е еднакво на еден час вежбање.

Доколку сакате полесно да ги стопите масните наслаги, пешачете секојдневно по 30 минути на отворено.