
Снежниот фестивал Сапоро во Јапонија е еден од најголемите настани во државата и секако привлекува голем број посетители од земјата и од странство.
Секоја година околу 2 милиони луѓе доаѓаат на фестивалот за да ги видат преубавите реалистични склуптури од снег кои се лоцирани во Одори паркот.
Фестивалот трае 7 дена во кои градот Сапоро станува снежен град од соништата со прекрасните снежни инсталации.




