
Иако изгледаше дека се создадени еден за друг, Рајан Гослинг и Ева Мендез повеќе не се заедно.
“Раскинаа. Ни Ева ни Рајан не брзаат да излегуваат со други луѓе. Едноставно сватија дека тоа не е тоа!“, вели изворот.
Врската ја започнаа во 2011 година, на снимање на заеднички филм, а оваа година повеќе не се видени заедно.
Големиот проблем била разликата во карактерите. Додека Ева го сака Холивуд, сјајот, забавите и гламурот, Рајан е повеќе повлечен и семеен тип.