Емотивна траума: Селена Гомез 14 дена на рехабилитација!

popara7 февруари, 201417min00
12

Младата актерка и пејачка Селена Гомез во почетокот на Јануари била сместена во една приватна клиника каде поради нејзините емотивни проблеми побарала стручна помош од психотерапеут.

“Селена беше 2 седмици во болница, но не поради проблеми со наркотици, туку поради нејзината моментална емотивна состојба“, изјавил нејзиниот менаџер.

“Нејзиното семејство и пријателите се мошне загрижени поради нејзината психичка состојба и се плашат дека овие емотивни трауми би можеле да имаат трајни последици. Поради тоа, оваа клиника била најдоброто решение“, додава изворот.