
Овој викенд три келнерки вработени во еден ресторан во градот Каледонија, Илиноис, добиле по 5 000 долари бакшиш од анонимна гостинка – при што две од нив воопшто и не се појавиле на нејзината маса.
Додека Амбер, Ејми и Сара во саботата работеле втора смена во ресторанот и меѓусебно разговарале за своите финасиски потешкотии, биле крајно шокирани кога една непозната жена, гостинка во ресторанот станала и им дала на трите чек со по 5 ооо долари.
“Сакам да го примите ова како помош за вашето образование или било што друго што ви треба. Бог ме испрати овде за да ви помогнам“, рекла жената и набрзо го напуштила ресторанот, веројатно со цел да не се дознае нејзиниот идентитет.
httpv://www.youtube.com/watch?v=HznVEBmE05c