
Кортни Кардашијан на социјалните мрежи ја објавила фотографијата на својата помлада сестра Ким и раперот Каније Вест од 2008 година, кога за прв пат се сретнале во живо на забавата по повод десетгодишнината на едно познато списание.
На фотографијата јасно се гледа дека Каније сосема ја игнорира Кортни и дека не можел да го отргне погледот од својата сегашна вереница.
Во тоа време Ким се забавувала со Реџи Буш, а Каније бил во врска со Амбер Роуз. Но од тој момент, Каније не можел да престане да мисли на Ким.