
Кој вели дека популарниот VW Голф од втората генерација е прегазен од времето? Еден од најпопуларните половни автомобили и понатаму е легендарната Голф двојка, која во балканските земји стекна култен статус.
Но ништо помалку не е популарен и во матичната Германија, кога е во прашање основата за некој озбилен тјунинг. Фирмата Боба Моторинг ја претворила двојката во прав монструм на 4 тркала, која од 2.0 литарскиот 16V турбо бензинец ослободува 1150 коњски сили, користејки етанол Е85 гориво. Ако мислите дека нешто не е во ред со бројките, погледнете го во продолжение видеото.