
Компанијата Мозила најави дека во наредните неколку недели ќе лансира Firefox лаунчер за Андроид. Иако компанијата пуштила во употреба свој личен firefox оперативен систем, очигледно сакаат поголем дел во најпопуларниот оперативен систем на светот. Mozilla заедно со израелската компанија “Everything Me“ ќе го претстават за брзо време. Корисниците почетниот екран (homescreen) во потполност ќе можат да го прилагодат според своите потреби. Launcher ќе поседува “prediction bar“ кој ќе се обиде да ги погоди четирите апликации кои најмногу се користат, во зависност од саатите во денот, локација и пребарување. Покрај ова поседува и смарт фолдери кои ќе ги групираат апликациите во зависност од вашиот интерес.