Tesla Model S наскоро со погон 4х4

popara10 февруари, 201418min00
32

Претседателот на извршниот одбор на Тесла Моторс, Елон Муск и официјално ги потврди гласините дека на крајот на оваа, а најдоцна во почетокот на следната година во продажба ќе се најде и верзија на популарниот модел Tesla S,но овој пат со погон на четири тркала. Претставувањето на овој модел би требало да биде и приближно во исто време кога во јавноста ќе се прикаже и првиот SUV на оваа компанија, која ќе се води под името Tesla Model X. Новина ќе биде и батерија која ќе го зајакне капацитетот на издржливоста, односно Tesla Model S ќе може да отпатува многу повеќе километри, како и најавени се и нови седишта со многу подобра ергономност и удобност. Во меѓувреме, сопствениците на моменталниот модел наскоро ќе им се понуди унапредување на системот на возилото на верзија 6.0, процес кој наликува како кај паметните телефони, односно надоградување на системот.

Foto: Tesla Motors

Foto: Tesla Motors