
Во согласност со правилата на Европската асоцијација на зоолошки градини и аквариуми (ЕАЗА), зоолошките градини треба да се избегнува инбридинг, односно парање на блискородни форми во определена иста популација организми, животни или растенија, односно во случајов крвни сродници. И покрај фактот што 18-месечното бебе жирафа наречено Мариус беше потполно здраво, неговите гени веќе беа претставени во данската зоолошка градина. Исто така, оваа жирафа не можеле да ја примат ниту 300 други зоолошки градини под покровителство на EAZA.
Во кампањата што беше водена изминатите денови за спас на младата жирафа, меѓутоа, една зоолошка градина од Велика Британија соопшти дека има место за неа, а се огласи и зоолошка градина во Шведска којашто наводно исто така се понуди да го вдоми Мариус.
Повеќе од пет илјади луѓе ја потпишаа петицијата „Спасете го Мариус”, објавена на Facebook, а повеќе од три илјади ја потпишаа истата објавена на дански јазик и уште 24 илјади на англиски јазик. Покрај најавите на британската и шведската зоолошка градина, за спасување на жирафата се јави и американскиот промотер Клаус Хелмбак, кој соопшти дека негов пријател има намера да купи жирафа, „Жирафата би можела да живее мирно во градина на Беверли Хилс, но зоолошката градина не беше заинтересирана за продажба. Бев гневен”, изјави Хелмбак за данскиот весник Ekstrabladet.
И покрај протестите, жирафата Мариус беше усмртена. „Сѐ се одвиваше како што беше планирано. Од протестите, тоа е право на луѓето, ние се разбира бевме изненадени”, изјави портпаролот на зоолошката Тобиас Стенбек Бро. Тој потврди дека со месото на усмртената жирафа ќе бидат нахранети лавовите.


One comment
od mene
11 февруари, 2014 at 09:25
БЕЗ МОЗОК И ЧУВСТВА КОН ЖИРАФАТА.