
Еден од главните водачи на опозицијата Виталиј Кличко ги повика Украинците на едночасовен општ штрајк во четврток, 13 февруари.
„Јас сум Украинец. Не се плашам. Не можат да нé поразат. Ќе ја продолжиме борбата”, рекол Кличко, повикувајќи го актуелниот претседател Јанукович да дојде на Плоштадот на независноста „за да ги слушне луѓето што мислат и што зборуваат за него”.
Кличко го обвинува Јанукович дека во текот на неодамнешна средба му се заканувал со затвор!