
Станува збор за пиштол што е еден од низата технолошки иновации кои се главни кандидати за наградата што ја дава фондацијата Smart Tech Challenges. Целта на фондацијата е развивање на технолошки напредно оружје, а најдобрата иновација ќе добие награда од скоро 1 милион долари.
Со овој пиштол насилството може значително да се намали, бидејќи неговата работа е поврзана со часовник преку посебна радио фреквенција. Додека пиштолот се наоѓа во фреквенција на часовникот, дотогаш и ќе функционира.
Штом пиштолот ја загуби врската со часовникот, на пример, ако испадне од рацете на сопственикот, автоматски се исклучува и станува безвреден. Часовникот мора да биде на рака бидејќи нивото на фреквенција е ограничено. Часовникот на себе има уред за отисоци на прсти и се активира единствено според отисокот на сопственикот. Пиштолот може да се заклучи и од далечина со помош на PIN.
„Технологијата се докажа како можност за решавање на најголемите општествени предизвици, а злоупотребата со оружјето е еден од најголемите проблеми со кои се соочува модерното општество”, смета Рон Конвеј кој е еден од инвеститорите на фондацијата Smart Challenges.
httpv://www.youtube.com/watch?v=pnx9K1B1J4Y

One comment
od mene
11 февруари, 2014 at 09:24
ЌЕ ГО ХАКНАТ НАБРЗО.