
Раскошната вила којашто се наоѓа на имотот од 2.700 квадратни метри, е изградена во 1922 година, а се наоѓа на престижниот остров Палм Ајленд во американската сојузна држава Флорида. Во неа Ал Капоне починал откако е ослободен од познатиот затвор Алкатраз во 1947 година, на 48-годишна возраст, откако во неа живеел четири ипол години.
Ал Капоне, кој се збогатил преку шверцувањето на алкохолот во времето на прохибицијата во САД, ја купил вилата во 1928 година за тогашни високи 40 илјади долари. Во тој период големите имоти во Мајами им припаѓале на многу од познатите протагонисти на американското подземје.
Еден од најозлогласените мафијашки кумови Ал Капоне се доселил на Мајами, откако е протеран од Чикаго, а потоа и од Лос Анџелес. Откако се доселил на Палм Алјенд, весниците го следеле секој негов чекор, а гувернерот на Флорида има наредил на шерифите и при најмала грешка да го уапсат Капоне и да го протераат од државата.
Споменатиот имот се споменува како местото на коешто Ал Капоне го испланирал „масакрот на свети Валентин” од 14-ти февруари 1929 година, кога бруталноста и истовремената ликвидација на седумте најголеми мафијашки противници на Капоне се ликвидирани во Чикаго, што ја шокирало американската јавност. Сепак, никогаш не се откриени докази за да мое да се покрене процес. На крајот Капон завршува зад решетки, но не за шверцување алкохол или убиства на конкурентите во подземјето, туку за даночно затајување


