
66 годишна жена од Франција, од едно село во Бретања живеела неколку години со мртвото тело на својата мајка. Таа распаднатиот труп на мртвата жена го чувала на стол во својата куќа.
Бизарниот настан е откриен откако нејзините комшии повикале полиција бидејќи од куќата на жената се ширела неподнослива смрдеа, а дворот бил пол со ѓубре.
Кога влеговме во куќата таа изгледаше изгубено и дезориентирано. Насекаде низ куќата имаше ѓубре, а на катот го најдовме распаднатото тело на нејзината мајка – изјавил еден од полицајците.
Соседите изјавиле дека жената која умрела не ја виделе од 2010 година. жената била однесена во психијатриска клиника.