Генијалец на тркала: Прототипот на Рено – Next Two

popara11 февруари, 201418min00
23

Рено го претстави новиот прототип наречен Next Two. Базиран е на моделот Zoe, автомобил кој што е опишан како визија на автономното електрично возило за 2020 година. Дизајниран е да се вози “сам себе” при брзини до 30 км на час, прототипот е опремен со разни врсти на сензори и камери кои го надгледуваат патот. Тие информации се праќаат на компјутерот кој ги контролира функциите за серво волан, моторот и кочниците. Исто така, поседува Automated Valet Parking систем кој овозможува автомобилот сам да се паркира во гаража погодна за автономни возила. Покрај тоа, Next Two е опремен и со “G/4G/WiFi и систем за виртуелна реалност кој ги поставува навигационите информации како слика на патот во реално време. Автомобилот има и виртуелна канцеларија, систем за конференција и паметни седишта кои можат да се прилагодат само на возачот.

Foto: Renault

httpv://www.youtube.com/watch?v=6f3oJat75eU